Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ по поразот во „мајсторката“: Тие се создадени да не победат, само погледнете го…

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Денвер Нагетс не успеа да го одбрани домашниот терен во мајсторката во Минесота Тимбервулвс, пораз со кој официјално ја завршија оваа сезона во НБА лигата и тоа во полуфиналето на Западот.

Актуелниот првак загуби дури три домашни натпревари во ова соочување со „волците“ со тоа што во последниов не им помогна ниту тоа што водеа и со 20 разлика во третата четвртина.

Оваа елиминација дефинитивно е болна за составот од Колорадо, но првата ѕвезда на екипата Никола Јокиќ смета противникот на крајот повеќе покажал и заслужено оди понатаму.

-Мислам, мислам дека тие се создадени да не победат. Само погледнете го нивниот ростер. Тие во основа два Ол-стар играчи, двајца играчи од првата одбранбена петорка. Мајк Конли е веројатно најпотценетиот играч во НБА. Од клупата имаат шести човек на годината. … (Тие се) еден тим кој може да направи буквално се. Тие можат да бидат големи, мали, -порача Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни