Поврзете се со нас

Свет

Ѓорѓев со гол и асистенција ја заокружи сезоната во Швајцарија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcaarau

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Ѓорѓев со одличен настап ја заокружи оваа натпреварувачка сезона во дресот на Арау.

Во завршното 36. коло нашиот интернационалец даде гол и запиша асистенција во соочувањето со Стад Нионе кое заврши со 4-3 за домашната екипа.

Офанзивецот имаше добра кампања, одигра 34 од 36 мечеви во шампионатот и беше блиску до „дабл-дабл“ учинок со оглед на тоа што даде 9 гола и нанижа 8 асистенции.

Арау пак заврши на шестото место во втората швајцарска лига со 43 бода.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни