Поврзете се со нас

Англија

„Господин непобедлив“: Родри постави историски рекорд во последното коло во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Родри беше најдобар играч на Манчестер Сити минатата сезона и тоа самиот го заклучи Пеп Гвардиола, но една година подоцна, Шпанецот може да се пофали дека е единствениот фудбалер кој не знае што значи пораз во регуларен дел на еден натпревар повеќе од 14 месеци.

Играчот за врска последниот официјален меч го загуби на дуелот меѓу Шпанија и Шкотка во март минатата година, но оттогаш натаму, врза неверојатна серија која вчера стана и историска.

Родри вчера на 74-ти меч во низа не ја почувствува горчината на поразот во текот на 90 минути, па така постави нов историски рекорд кој тешко дека некој ќе го собори во брзо време.

Победата од 3:1 над Вест Хем го однесе Родри едно скалило погоре од Паоло Малдини и Деметрио Албертини, кои во далечната 1993-та година не знаеле за пораз на 73 меча во низа.

Родри на денот кога Сити стигна до нова шампионска титуалта го достигна бројот 74, па со ова и дефинитивно го доби прекарот „Господин непобедлив“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни