Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул го официјализираше наследникот на Клоп, ќе почне со работа во јули!

Објавено

на

foto: x.com/Feyenoord

Премиерлигашот Ливерпул вчера го одигра последниот меч за оваа сезона против Вулверхемптон, меч кој воедно беше последен за тренерот Јирген Клоп на оваа функција.

Веќе некое време беше познато дека Германецот си заминува, одлука со која му овозможи на клубот да се впушти во потрага во наследник кој веќе е пронајден, а денеска и потврден со директна информација од англискиот великан.

Имено Арне Слот е именуван за нов менаџер на „црвените“ и тоа со тригодишен договор. Тој се очекува формално да ја преземе позицијата на 1 јуни ако нема проблеми со работната дозвола, но официјално со работа би требало да започне во јули со претсезоната, подготовките за натпреварувачката 2024/2025.

Слот доаѓа од Феенерот со кого Ливерпул мораше да се спогоди за да ги обезбеди неговите услугите и тоа откако плати 7,7 милиони фунти, сума која може да дојде до 9,4 милиони фунти со бонуси.

Арне има работено само во Холандија, наголемите успеси му се со составот од Ротердам со кого стана шампион и освои еден Куп трофеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни