Поврзете се со нас

Италија

Сари: Добив четири понуди од Англија и Шпанија

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурицио Сари самостојно реши да стави крај на својата авантура во Лацио и се повлече од тренерската функција на два месеци пред крајот на сезоната, па сега како слободен агент го дочекува летниот преоден рок.

Во неодамнешното интервју, искусниот Италијанец најави дека планира да работи како тренер најмногу уште две или три сезони, но како што стојат работите во овој момент, тој е поблиску до заминување од родната земја, отколку останување на „чизмата“.

Иако медиумите го поврзуваат со трансфер во Фиорентина, Сари откри дека засега добил конкретни понуди од четири странски клуба, а станува збор за претставници од Премиер лигата и Ла Лига.

– Отворен сум за секој проект кој ќе ме привлече како тренер. Ќе ви откријам дека засега сите четири клуба кои ме контактираа се од странство.

– Поточно кажано, станува збор за клубови од Премиер лигата и Ла Лига. На крајот се ќе зависи од шансата и времетраењето на проектот кој ќе ми биде понуден, – изјави Сари за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни