Поврзете се со нас

Македонија

Симиќ: Само тоа е спасот за македонската кошарка

Објавено

на

Македонската кошарка веќе подолго време нема успех како на клупски така и на репрезентативен план што секако е разочарување за спортот кој едно време беше број еден кај нас.

Засекогаш ќе го паметиме четвртото место на Европското првенство во 2011 година, шампионат на кој лесно можевме да дојдеме и до медал. Меѓутоа од тогаш е поминато доста време, многу работи се променети, а македонската кошарка се соочува со доста проблеми, недостатоци.

Тони Симиќ долго време е присутен, активен на домашната сцена како играч, тренер, селектор, па според него главниот проблем е што не се става акцент на младите играчи, поточно соодветната можност која клубовите едноставно мора да им ја дадат.

-Долго сум во кошарката, прво како играч, сега како тренер, па според мене најголемиот проблем е кај клубовите кои немаат трпение за младите играчи да се развиваат, од млади категории се брка само резултат и автоматски немаш трпение тие играчи да напредуваат. Дефицитарни сме на високите позиции, центри, но ние викаме дека немаме високи играчи, ама немаме ниту бекови.

-Конкретно во оваа сезона во првата лига имаме играчи по 35, 36 години кои се на залез на кариера, па вреди да се постави прашањeто „што потоа ќе правиме“. Затоа јас сум за тоа да им се даде можност на помлади играчи, така беше кога го водев Работнички, исто и кога бев во ФМП Академија. Мора да се има трпение затоа што само тоа е спасот за кошарката во моментов, -вели Симиќ за „Дерби“.

Некогашниот ас на Работнички и МЗТ Скопје воедно даде една своја прогноза кога се во прашање борбите за пехарите како во Македонија така и во регионалната АБА лига, потоа Евролигата и НБА.

-МЗТ е благ фаворит за титулата во домашниот шампионат, има поискусен тим од останатите конкуренти, ама ќе биде неизвесно. Во АБА лигата пак ќе одлучуваат нијанси меѓу Црвена Звезда и Партизан. Кога е во прашање Евролигата, сите тимови се квалитетни кои изборија фајналфор. Сите екипи имаат подеднаква шанса за успех. Од сите овие првенства најмалку следам НБА, го пратам Јокиќ, но немам некоја јасна слика околу тоа кој е во најдобра позиција за титулата, -заврши Тони.

Симиќ: Успеавме да го вратиме Шкупи во Прва лига, мора да се промовираат домашни играчи!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни