Поврзете се со нас

Италија

Морати посебно го испофали човекот кој направил чудо во Интер: Ние имаме 20 титули, а не 19!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Масимо Морати беше дел од најуспешниот период во историјата на Интер и го предводеше клубот кога беше освоена незаборавната триплета, а 14 години подоцна, повторно од далеку се радува на успесите на омилениот клуб.

Познатиот бизнисмен често е вклучен во дебатата која знае да се развие во италијанската јавност, а според која многумина му забележуваат на новиот шампион за бројот на освоени титули во домашното првенство.

Интер изминативе денови ја слави втората ѕвездичка над своето лого како јасен симбол за јубилејната 20-та титула во Калчото, но има такви кои и натаму тврдат дека Интер има 19 титули освоени на терен, бидејќи една ја доби по административен пат за време на Калчополи скандалот.

– Не се согласувам со тоа, 20 си е 20! Останатите два клуба кои водеа се тие кои мамеа (алудирајќи на Јувентус и Милан), затоа не ги сфаќам овие тврдења.

– Сите кои се дел од клубот се важни за најновиот успех, но ако треба да бирам еден, тоа е Инѕаги. Симоне направи чудо, многумина мислеа дека тој не е на висина на задачата, а на крајот ги подобри сите кои се во тимот. Тој го подобри тимот во секој поглед и му внесе победнички менталитет. Тој сега прерасна во комплетен тренер, – вели Морати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни