Поврзете се со нас

Шпанија

Педри влезе во игра и со пожртвувана дефанзивна реакција изнуди стоечки овации од „Монжуик“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона направи пресврт и благодарение на хет-трикот на Левандовски ја победи Валенсија во дербито со 4:2, па иако Полјакот беше вистински јунак на мечот, стоечки овации доби и Педри.

Офанзивниот фудбалер доби шанса во 72-та минута на местото на Кристенсен, па иако се очекуваше да направи разлика во офанзивниот дел, првата акција која ја имаше му донесе дефанзивни задачи.

Валенсија изведе извонредна контра и Диего Лопез се најде сам пред голот на Тер Штеген по додавањето од Федерико, но кога сите очекуваа нов шок при резултат 2:2, Педри со пожртвувана реакција ги воодушеви сите на трибините.

Офанзивниот фудбалер со клучна интервенција ја расчисти опасноста и не му дозволи на Лопез да изведе ниту удар, а тоа му донесе стоечки овации од трибините.

Навивачоте на Барса го скандираа името на Педри после овој пожртвуван потег, а во продолжение Левандовски постигна два гола и Барса на крајот славеше со 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни