Поврзете се со нас

Италија

Милан и Вест Хем повторно во трка за ист тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/losclive

Милан полека се повлекува од намерата да го ангажира Хулен Лопетеги, сето тоа како резултат на негативната кампања која ја започнаа фановите кои остсанаа шокирани од изборот на клубот.

Навивачите на Милан го натераа раководството да ги прошири своите хоризонти и да разгледа други опции на трансфер пазарот, а интересно е тоа што и втората е идентична како онаа која ја има и Вест Хем.

Италијанскиот калчолигаш и англискиот премиерлигаш ќе претрпат тренерски промени и ќе стартуваат нови проекти по крајот на оваа сезона, но какошто беше случајот со Лопетеги, сега продолжуваат во исто темпо и со уште еден тренер.

Двата клуба повторно се интересираат за ист стручњак и можно е да водат нова битка со воведни преговори, а во случајот станува збор за Паоло Фонсека кој ќе биде слободен агент од ова лето.

Италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ се свртеле кон Португалецот и веќе отпочнале воведни преговори со него, но истото го има направено и Вест Хем кој бара алтернативи за Рубен Аморим, иако веќе одработи и официјален состанок со актуелниот тренер на Спортинг Лисабон.

Фонсека има 51 година и важи за поискусен тренер на европската сцена, но негова предност е и фактот што веќе му е познато како да се работи во Италија каде беше тренер на Рома. Фонсека во моментов е тренер на Лил, но веќе од поодамна најави дека не планира да го продолжи договорот.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни