Поврзете се со нас

Шах

Тесна победа за младинците во ревијалниот шаховски двомеч со ветераните

Објавено

на

Нова едиција од турнирите базирани на идејата “Тим Сениори” против “Тим Јуниори” се одржа викендов во Скопје.

Согласно познатиот “Шевенинген формат”, во кој секој играч на еден тим игра против секој играч на другиот тим, овој пат беше употребен во еднокружен систем, па така се играа 4 кола на 4 табли.

Ова издание го понесе називот “Дерби на генерациите: март 2024“. За екипата на сениорите составот го предводеше Миле Трајковски со Атанас Ташевски, заедно со Слободан Цветковски и Томислав Голубовиќ. Во тимот на јуниорите немаше големи промени во однос на јануарскиот турнир, односно Кирил Николовски кој тогаш беше отсутен поради настапот во Параќин, сега се приклучи кон Дино Табаковски, Никола Бошковски и Стефан Мелник.

За разлика од првиот турнир кога младинците издоминираа, овој пат неизвесноста беше присутна до самиот крај. Имено во пресрет на последното коло двата тима имаа по 6 бода, а на крајот при севкупен резултат 7,5:7,5 одлучуваше последната партија на Стефан Мелник против Слободан Цветковски, па со триумф на 16-годишниот член на ШК Алкалоид тимот на јуниорите прослави тесна победа, бидејќи според пропозициите за овој ревијален меч се сметаше само вкупниот број на поени.

Поединечно најуспешни на овој турнир беа Николовски и Трајковски со по 3 бода, додека Табаковски и Ташевски имаа по 2,5 бода.

Ревијалниот меч заврши со обраќање на ИМ Димитар Илиевски кој неодамна ја понесе наградата за животно дело од Асоцијацијата на спортски новинари за промоција на шахот во неговата повеќедецениска кариера, како и со обраќање на Живко Попоски Цветин, уметник и хуманист, кој на учесниците им подели “Цвеќе на мирот”, покрај другите ревијални награди.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни