Поврзете се со нас

Франција

Мумбања ги смрзна навивачите на Тулуз со страшна акробација во 95. минута (Видео)

Објавено

на

Марсеј влезе во катастрофална резултатска криза во домашното првенство и целосно се посвети на настапите во Европа, но денес барем успеа да ја прекине негативната серија во Лига 1.

По три последователни порази во домашното првенство, Марсеј беше на прагот да претрпи и четврти, но такво нешто не дозволи Мумбања во 95-та минута.

Тулуз водеше 2:1 и се чинеше дека ќе го дочека последниот судиски свиреж на Турпан, но пред да дојде до тоа, Фарис Мумбања импровизираше и постигна гол за паметење.

Камерунскиот напаѓач го замени Обамејанг и се покажа како клучен за гостинскиот тим, бидејќи во самата завршница режираше „ножички“ за реми од 2:2.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни