Поврзете се со нас

Англија

Клоп за Салах: Ќе беше проблем ако не се познававме толку добро

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп од прв момент не даваше преголемо значење на караницата која ја имаше со Мохамед Салах, па една седмица по несекојдневните сцени на натпреварот со Вест Хем, Германецот излезе со нов став на оваа тема.

За разлика од Салах кој ниту еднаш не се огласи и кој одби да зборува за да не предизвика „пожар“, Клоп тврди дека двајцата ги расчистиле нејаснотиите и нема проблем за настанатиот мал инцидент, кој тврди дека бил решен поради тоа што многу добро се запознале низ текот на годините.

– Ситуацијата со Салах е целосно решена, нема никаков проблем. Ако не се познававме толку долго толку добро, можеше да има проблем, нема да знаев како да се справам со тоа.

– Добра вест е што се познаваме навистина многу и постои голема меѓусебна почит. Затоа немаше никаков проблем, имаме право да се справиме на свој начин со вакви работи кои не треба да влијаат врз надворешноста.

– Најдобро сценарио ќе беше да победуваме на последните натпревари, така Салах немаше да биде на клупа, но работите не се секогаш толку идеални во фудбалот, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни