Шпанија
Анчелоти ја разреши единствената голема дилема за реванш полуфиналето со Баерн
Карло Анчелоти до денеска имаше само една дилема за стартната постава на Реал Мадрид за реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а истата се појави поради враќањето на Тибо Куртоа во тренажен процес.
Белгиецот експресно ја залечи повредата на менискусот и направи чудо со својата брза рехабилитација, па откако Карло го најави како стартен голман за утре против Кадис, мораше да одговара дали тој автоматски ќе се врати на првата позиција и за реванш полуфиналето.
Анчелоти нагласи дека е прерано да му се дава таква одговорност на Куртоа, но не исклучи токму Тибо да биде прв голман доколку Реал се пласира во финалето на „Вембли“.
– Куртоа се врати и се чувствува многу добро. Утре ќе игра и ќе го направи тоа после долго време. Тоа е добра вест за нас, исто како што беше случајот со Милитао. Може да ни донесе плус и сите сме возбудени од неговото враќање. Во овој момент, единствено финале за нас во нашите глави е она против Баерн кое го играме следната недела. Тој меч ќе го игра Лунин, а за потоа ќе видиме.
– Не мислиме за финалето во ЛШ, прво финале е она во среда. Ако дојде да мислиме за финалето на „Вембли“, тоа ќе значи дека сме се пласирале на завршниот меч. После осум месеци пауза, потребна е адаптација и враќање на автоматизмите во играта. Куртоа е многу добар на физички ниво, но потребна ќе му биде рутина, – изјави Анчелоти, кој за утре најави дека стартери ќе бидат и Арда Ѓулер и Милитао.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)