Поврзете се со нас

НБА

Газдите на Филаделфија купиле билети за да спречат присуство на фанови на Њујорк на шестиот дуел од серијата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sixers

Филаделфија оствари гостинска победа против Њујорк и остана во игра за пресврт во првата рунда од НБА плејофот, а ќе се бори за израмнување пред своите фанови во „Велс Фарго“ центарот.

Сепак, газдите на клубот и поранешниот малцински сопственик Мајкл Рубин решиле да го спречат сценариото од претходниот натпревар во Филаделфија, кој предизвика разочараност и кај првата ѕвезда, Џоел Ембид.

Голем број фанови на Њујорк тогаш обезбедиле билет за гостувањето на Никс, давајќи им важна поддршка на своите миленици кои победија, а целата ситуација предизвика реакција на Ембид.

Џош Херис, Дејвид Блицер, Дејвид Аделман, поддржани од Рубин купиле над 2.000 билети и веќе почнале да ги делат по здравствени работници и други фанови кои не можеле да обезбедат место во арената, а со тоа ќе биде спречена продажба на билети на гостинските навивачи.

Останува Филаделфија во подобра атмосфера да ги израдува фановите и да обезбеди мајсторка, која би се играла на теренот на противникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни