Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис има фаворит за нов тренер на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи има многу лоша сезона во која промени неколку тренери, промени кои не го дадоа посакуваниот резултат, па останува да се види дали сега веќе екс италијанските шампион ќе успеат да обезбедат и пласман во европските купови.

Повеќе од јасно е дека клубот ќе мора да започне нов проект од следната сезона, свесен за тоа е и првиот човек Аурелио Де Лаурентис кој сега е во потрага по тренер кој ќе може да ја води таа приказна.

Долго време се споменуваше Антонио Конте, меѓутоа како што стојат работите нема ништо од тоа и сега желбата на Де Лаурентис е Стефано Пиоли.

Се очекува Пиоли да добие отказ од Милан по крајот на сезоната, ама тој брзо може да најде нов ангажман и тоа во уште еден голем италијански клуб.

Според „Скај Спорт Италија“, Де Лаурентис верува дека Стефано е идеален кандидат за долгорочен проект, стратег кој е искусен, добро го познава фудбалот на Апенините и може да донесе резултати кои се достоинствени и се на ниво на тимот од Неапол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни