Поврзете се со нас

Свет

Поповски не можеше сам, Цирих ја загуби полуфиналната мајсторка со Криенс-Луцерн

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Амичитија Цирих на Мартин Поповски не успеа да ја добие клучната битка со Криенс-Луцерн во полуфиналната плејоф рунда во првата лига на Швајцарија.

Мајсторката се играше на теренот на Криенс-Луцерн, предност која домаќините ја искористија особено во првиот дел во кој создадоа предност од 13-9, па водени од тоа не дозволија изненадување во продолжението иако противникот притискаше, обидуваше, бореше, меѓутоа тоа на крајот беше доволно за пораз од 24-21.

Нашиот Поповски немаше соодветна поддршка, односно тој со шест гола беше далеку пред сите во гостинскиот табор.

Кај победникот Шипиќ беше лидер со седум погодоци.

Кринс во финалната серија ќе се соочи со Кадетен Шафхаузен, тим кој исто преку пет натпревари дојде до оваа фаза и тоа против Винтертур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни