Поврзете се со нас

Евролига

Панатинаикос и Олимпијакос закажаа мајсторки за место на Ф4 турнирот на Евролигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/paobcgr

Панатинаикос и Олимпијакос славеа на четвртите натпревари во четвртфиналната серија против Макаби и Барселона и изборија мајсторки по кои ќе бидат познати патниците на фајнл-фор турнирот во Евролигата.

ПАО славеше во Белград против израелскиот тим со 88:95 и го врати брејкот, па ќе ја решава својата судбина на домашен терен.

Грчкиот состав одигра подобро во завршницата и стигна до посакуваната победа и тоа предводен од Нан и Слукас, кои го завршија натпреварот со 27, односно 20 поени.

Олимпијакос беше убедлив против Барселона, откажувајќи го противникот уште во вториот период кој го доби со 32:14.

До крајот грчкиот состав рутински ја потврди победата со убедливи 92:58, па сега ќе патува во Шпанија за мајсторката и решавачки дуел за место на завршниот турнир во Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни