Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Иранецот Вафаеи му го „украде“ решавачкиот фрејм и го елиминира О’Саливен во Кина (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WeAreWST

Рони О’Саливен е уште еден од фаворитите за висок пласман кој остана без пласман во четвртфиналето на Ворлд Опен турнирот во Кина.

Најдобрите снукер професионалци по неколку години пауза го играат престижниот турнир во Јушан, а О’Саливен очекувано беше прв фаворит како број еден на ранкингот и победник на последниот Мастерс во Саудиска Арабија.

Сепак, Хосеин Вафаеи од Иран денеска доби голема шанса од својот идол и успеа да му го украде решавачкиот фрејм, а со тоа и победата во драматичниот дуел кој заврши со резултат 5:4.

О’Саливен со брејк од 125 поени избори решавачки деветти фрејм, во него имаше контрола, се до црната топка која не успеа да ја внесе пред да почне да ги расчистува обоените топки на масата. Вафаеи со неколку дефанзивни потези изнуди уште една грешка на противникот, па успеа да ги внесе сите топки за конечни 64:63 и обезбеден дуел со Динг Џунхуи во следната нокаут рунда.

Динг пак го елиминира Шон Марфи со 5:3, а пласман понатаму обезбедија и Нил Робертсон и Џад Трамп, кој сега е прв фаворит за трофејот во Кина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни