Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовска ослободена од обврски за мечот со Литванија

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација ја заврши својата задача на гостувањето во Баку и со голема победа се пласираше на Европското првенство, второ во низа за нашите девојки по она на кое беа домаќини во 2022-ра година.

Избраничките на Грчевски издоминураа во Баку и на едно коло пред крајот на квалификациите обезбедија билет за континенталниот турнир, а тоа го натера стручниот штаб да ја особлоди нашата најдобра репрезентативка.

Сара Ристовска е ослободена од обврските со цел да биде максимално подготвена за финишот од сезоната на клупски план, каде и следи Ф4 турнир во Русија со ЦСКА Москва.

Македонија својот последен натпревар во квалификациската група го игра в недела, а наш противник ќе биде селекцијата на Литванија.

Исходот од овој меч секако нема да има никакво значење, но сигурно е дека останатите репрезентативки на Грчевски ќе дадат се од себе за најдобро затворање на квалификацискиот циклус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни