Поврзете се со нас

Германија

„Фармацевтите“ никако да паднат: Леверкузен со гол во 97 минута ја продолжи импресивната серија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Екипата на Баер Леверкузен останува непоразена и по денешниот меч против Штутгарт на кој иако губеше со 2-0 на крајот успеа да дојде до реми од 2-2.

Ова беше трет меч во низа на кој избраниците на Чаби Алонсо избегнуваат пораз во последните секунди, прво тоа го направија против Вест Хем (1-1) во Лига Европа, потоа со Борусија Дортмунд во Бундеслигата за да вечерва тоа сценарио го повторат против Штутгарт каде со голот на Андрих во 97 минута дојдоа до бод (2-2).

Со ова „фармацевтите“ ја продолжија импресивната серија, тие сезонава се непоразени на дури 46 мечеви во сите конкуренции што е навистина неверојатно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни