Поврзете се со нас

НБА

Феникс доби „метла“ од Минесота, па го отпушти тренерот

Објавено

на

Феникс Санс беше преслушан од Минесота Тимбервулвс (4-0) во првата плејоф рунда на Западот, резултат кој ја налути управата која одлучи да се раздели со тренерот Френк Вогел.

„Сонцата“ имаа ѕвезден тим за оваа сезона предводен од Кевин Дурент, Девин Букер и Бредли Бил, меѓутоа нешто не фунцкионираше и тие со учинок 49-33 го завршија основниот дел од сезоната, поточно го освоија шестото место кое ги однесе на соочување со „волците“ кои им одржаа вистинска лекција и ги решија во четири натпревари.

Ова за водечките луѓе на Феникс не беше доволно, па било одлучено да се прекине соработката со Вогел иако тој минатото лето потпиша петгодишен договор вреден 31 милиони долари.

За Френк ова беше четврти клуб во кариерата по ЛА Лејкерс, Индијана Пејсерс и Орландо Меџик.

Најсериозен кандидат за негов наследник е Мајк Баденхолцер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни