Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лахоз го посочи главниот виновник за завршната драма на „Бернабеу“: Се случи најлошата работа во судењето! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Матеу Лахоз се пензионираше како најдобар шпански судија на крајот од минатата сезона, но како пензиорниран арбитар, сега привлече внимание во јавноста со коментарот кој го даде за вчерашниот превид на судиите на „Сантијаго Бернабеу“.

Симон Марчињак и неговиот помошник направија катастрофална грешка и ја прекина акција по која Баерн постигна гол за 2:2, но бидејќи главниот арбитар се огласи пред топката да заврши во мрежата на Лунин, оваа ситуација не можеше да се проверува и од ВАР.

Германците залудно бараа ВАР проверка и буквално беснееја на теренот, а иако првичната грешка ја направи линискиот судија, според Лахоз главен виновник за конечниот епилог е Марчињак.

– Се случи катастрофа која никој не ја посакуваше. Се отсвири офсајд предвреме и така беше спречена можност да се користи ВАР.

– Се случи најлошата работа која може да се случи во судењето. ВАР не може да се активира во вакви ситуации, бидејќи акцијата претходно беше прекината. Играта не се прекинува со подигнување со знаменцете, се прекинува со знак на главниот судија, – порача Лахоз, кој го посочи Марчињак како главен виновник за целата драма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни