Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го „блиндираше“ откровението на сезоната (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона нема по добро да ја памети актуелната сезона која полека доаѓа до самиот крај, но ако треба да се издвои најдобрата вест која ја доби Чави Ернандес оваа сезона, тоа дефинитивно е експлозијата на Пау Кубарси.

Голобрадото момче беше доста анонимно за најголем дел од јавноста до пред само неколку месеци, меѓутоа 17-годишникот максимално ги искористи шансите кои ги доби во првиот тим и се претвори во незаменлив стартер.

Чави не штедеше комплименти за Кубарси и посебно ги потенцираше и неговите технички квалитети како дефанзивец, а сето тоа придонесе клубот да му подготви прв професионален договор.

Барселона денеска со голема гордост објави дека му е продолжен договорот на Кубарси и дека тој ќе остане член на првиот тим најмалку до 30-ти јуни 2027-ма година, но додаде дека неговата откупна клаузула ќе изнесува 500 милиони евра.

Кубарси презентираше неверојатна зрелост за својата возраст и со самото тоа го привлече вниманието на цела светска јавност, а со 17 годин и 2 месеци стана најмладиот дефанзивец кој некогаш дебитирал за шпанската фудбалска репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни