Поврзете се со нас

Свет

ФФМ со своја делегација на конгресот на ФИФА, донесена одлука за СП во 2027 година

Објавено

на

foto: ffm.mk

Делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска беше дел од 74. Конгрес на Светската фудбалска организација (ФИФА) на кој беше одлучен домаќинот на СП во жени во 2027 година.

Изборот на домаќин на Светското првенство за жени беше најважната точка на дневниот ред на Конгресот на ФИФА што се одржа во Бангкок. Земјите членки одлучија домаќинот да му го доделат на Бразил, кој со 119 гласа победи пред кандидатурата на Белгија, Германија и Холандија кои добија поддршка од 78 земји. Десеттото издание на женското светско првенство за првпат ќе се одржи во Јужна Америка, а титулата светски првак ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.

Конгресот го усвои и годишниот извештај за 2023 година, предлог-буџетот за 2025 година и измените на Статутот на ФИФА.

-ФИФА го финансира фудбалот ширум светот. Приходите што ги генерираме не одат за одреден број клубови, туку одат во сите 211 земји членки. Нашата мисија е да го развиваме фудбалот ширум светот, бидејќи 70 отсто од земјите членки не би имале доволен приход без придонес на ФИФА, – истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни