Поврзете се со нас

НБА

Србинот е непоправлив: „Возбудливата“ реакција на Јокиќ откако беше прогласен за МВП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ пишивува своја убава историја во НБА лигата и по третпат беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, успех со кој можат да се пофалат само девет играчи.

Србинот доминира во најсилната кошаркарска лига и досега ќе имаше четири ако не беше извршено неправда минатата сезона, но иако овие признанија се многу важни за фановите и за НБА експертите, Јокиќ ги доживува истите на поинаков начин.

Јокиќ беше повеќе загрижен за враќање во родната земја за коњички трки и по освоената титула во НБА лигата на крајот од минатата сезона, а сега вирална стана и неговата реакција по освоената трета МВП титула.

Популарниот „Џокер“ ја дочека веста носејќи маичка со натпис „Брате“ во чест на Дејан Милојевиќ, но откако истата беше соопштена од Чарлс Баркли, неговите реакции се најдоа во прв план.

Јокиќ го доби третото МВП признание во последните четири години, а пред него тоа му успеало на само еден центар претходно во историјата, Карим Абдул-Џабар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни