Поврзете се со нас

Свет

Партизан доби добри вести за најдобриот играч: Некој сакал…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан ја нема посакуваната сезона ако се земе предвид дека се најавуваше напад на завршниот фајналфор турнир во Евролигата, но се уште може да се дојде до значаен резултат тоа е титулата во АБА лигата.

Меѓу играчите од кого далеку повеќе се очекуваше дефинитивно е Кевин Пантер кој е најдобар играч, стрелец на екипата, меѓутоа нема континуитет во своите настапи што беше голем број за „црно-белите“.

Во изминатиов период се појавија и вести дека плејмејкерот може да го напушти актуелниот АБА шампион, ама таа информација е далеку од точна и тоа се гледа од реакцијата на агентот, Харис Пападопулос.

-Веднаш да појаснам, тоа се глупости! Кевин Пантер има важечки договор со Партизан и ќе остане таму. Нема дилема околу тоа.

-Не знам што да ви кажам, некој сакал да го зголеми сообраќајот на порталот за време на празниците, па веројатно решил да ја објави таа вест, порача Пападопулос за „Спортал.рс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни