Поврзете се со нас

Македонија

„Гладијаторите“ договорија уште едно засилување: Крилото Костов е нов член на ГРК Охрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

ГРК Охрид не престанува со активностите кога е во прашање на градењето на што подобар, поконкурентен состав за наредната сезона во која клубот ќе игра и во европските купови.

Имено популарните „гладијатори“ официјално обезбедија уште едно засилување и тоа во името на десното крило, Наум Костов. Се работи за играч за кого ова е враќање во добро позната средина по епизодите во Аеродром и Куманово.

-Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона, -порача Костов.

Претходно прволигашот ги договори левиот бек Дејан Кукуловски, голманот Градимир Чаневски и кружниот напаѓач Живан Пешиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни