Поврзете се со нас

Англија

Планот на стратегот е јасен: Гвардиола донел одлука за неговата иднина

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола со Манчестер Сити може да дојде до уште еден голем резултат, титула во Премиер лигата.

„Граѓаните“ денеска се фаворити во соочувањето со Вест Хем и ако тој статус го оправдаат ќе останат на врвот во англискиот фудбал, но и ќе испишат нова страница во историјата затоа што ќе станат прв тим со освоени четири лигашки пехари во низа.

Меѓутоа и ова да се случи, Гвардиола има јасен план за неговата иднина, клубот кој ќе го води во кампањата 2024/2025.

-Имам договор со Сити, сакам да бидам тука следната сезона што и да се случи, -порача Гвардиола кој ги отфрли тврдењата дека никој друг не може да ја освои ПЛ откако тој дојде во Англија.

-Погрешно. Разликата, ако секоја сезона триумфираме со 20 разлика, би рекол дека сум генијалец. Титулите што ги освоивме против Ливерпул, тие можеа да ги добијат. Арсенал можеше да триумфира, -истакна Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни