Поврзете се со нас

АБА лига

Звезда ја доби неверојатната драма со Партизан и поведе во финалната серија, последните 15 секунди се играа 12 минути!

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Првиот финален натпревар во АБА лигата меѓу Црвена Звезда и Партизан донесе огромна кошаркарска драма вo „Пионир“, па така последните 15 секунди од мечот се играа цели 12 минути.

Причина за тоа беа видео проверките и расипаниот семафор кој престана да ги брои секундите, па во целата оваа драма се вклучија и играчите на двата тима кои решија да го завршат натпреварот со низа фаули и слободни фрлања.

Црвена Звезда на крајот имаше повеќе нерви и отвори со победа на домашен терен, а како клични се покажаа четирите слободни фрлања кои прецизно ги изведе Давидовац во последните 15 секунди.

Мирната рака на Давидовац му овозможи на домашниот тим да ја добие драмата во која ниту еден од двата тима немаше двоцифрена предност во текот на целиот меч, па така Звезда со 85:82 поведе во финалната серија.

Пред да дојде до самата трилер завршница, најдобар играч на Партизан беше Нанели кој постигна 27 поени, но сепак Американецот остана без енергија во последните минути и немаше доволно свежина да донесе победа за својот тим.

Кај Звезда, јунакот Давидовац постигна 10 поени, а подобри од него генерално на мечот беа Јаго со 18, односно Митровиќ и Теодосиќ со по 14 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни