Поврзете се со нас

Шпанија

Тони шоу: Ридигер доминирал и пред стадионот по пласманот во финалето на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Антонио Ридигер е убедливо најзабавниот и најсмешен лик во соблекувалната на Реал Мадрид, нешто за што сме добиле доказ во неколку наврати во неговата досегашна авантура во Шпанија.

Германскиот репрезентативец покажа почит кон своите сонародници од Баерн Минхен по последниот судиски свиреж и успеа да утеши дел од нив, но потоа започна со своето препознатливо шоу, кое се префрлило и надвор од стадионот.

Ридигер доминираше уште на теренот и му подари стол на Давид Алаба кого го потсети на незаборавните прослави во Лигата на шампиони од пред две години, а тоа бил само дел од неговиот целосен репертоар.

Шпанските медиуими доловија видеа и открија дека Ридигер продолжил да ги забавува фановите на Реал и надвор од стадионот, односно додека го напуштал „Бернабеу“ со својот автомобил.

Ридигер застанал за да им оддаде признание на навивачите и почнал да лудува со нив додека бил во автомобилот, па ова е само причина за плус за низа пофални реакции на негова сметка од страна на симпатизерите кои при срце го имаат „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни