Поврзете се со нас

Конференциска лига

Олимпијакос повторно и зема мерка на Астон Вила и обезбеди прво европско финале (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Олимпијакос ќе бидат ривали на Фиорентина во големото финале на Конференциската лига на УЕФА кое на 29 мај ќе се одигра во Атина.

Грчкиот тим ја доби и втората пресметка со премиерлигашот Астон Вила, овојпат со 2-0 и со вкупни 6-2 успеа да испише историја.

Имено ова за Олимпијакос е прво финале во европските купови и со победа може да стане прв тим од Грција кој успеал да слави на најголемата клупска сцена, натпреварувањата кои се под капа на УЕФА.

Инаку вечерва за домаќините двата гола ги постигна Ел Каби и тоа во 10 и 81 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни