Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите тренираа во Торшавн, екипата е подготвена за битка со Фарски Острови

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската репрезентација сака да избори пласман на Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, но за да се случи тоа мора да минеме една незгодна пречка на тој пат, а тоа се Фарски Острови.

Тоа е селекција која е во подем, селекција која игра модерен ракомет и за да ја елиминираме ќе мора да дадеме се од себе во двете соочувања.

Првото е закажано за утре од 20 часот во Торшавн. Нашиот национален тим веќе е во оваа земја, имаше можност и да тренира во салата „Холин а Халси“.

Реваншот во Скопје е закажан за в недела од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни