Поврзете се со нас

Англија

Голманот на Фулам сака да му направи услуга на Арсенал во шампионската трка со Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/FulhamFC

Манчестер Сити и Арсенал водат жестока битка за титулата во Премиер лигата втора година по ред, но за разлика од ситуацијата пред 12 месеци кога „топчиите“ целосно потклекнаа на крајот, тимот на Микел Артета сега врши голем притисок врз актуелниот шампион.

На две кола пред крајот и со натпревар повеќе од ривалот, Арсенал има два бода предност на табелата и се надева дека Сити ќе направи кикс до крајот, бидејќи во случај на израмнет број на бодови, „топчиите“ се тие кои имаат подобар гол разлика и кои ќе бидат прогласени за шампиони.

За разлика од Арсенал, Сити има уште три натпревари до крајот и следен е оној против Фулам на „Кревин Котиџ“, а во најавата за мечот кој се игра во сабота, доста интересни стана твитовите на Бердн Лено.

Актуелниот голман на Фулам имаше свое минато во Арсенал и по се изгледа се уште чувствува симпатии кон клубот од Северен Лондон, па сега е подготвен со брилијантно издание да им подаде рака на „топчиите“.

Лено се пофали на социјалните мрежи за „чистата мрежа“ која ја сочува против Брентфорд, па откако фановите на Арсенал почнаа да бараат исто сценарио и против Сити, Германецот одговори позитивно и најави дека ќе даде се од себе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни