Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти му одговори на Тухел: И ние сме незадоволни од една судиска одлука

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Томас Тухел беше крајно критички настроен по елиминацијата на Баерн од полуфиналето во Лигата на шампионите, прецизно вперувајќи го прстот кон Марчињак и неговиот помошник кој го оставија германскиот великан без гол за 2:2.

Тренерот на Баерн остана фрапиран од завршните случувања и индиректно алудираше дека Реал традиционално добива судиска помош кога игра на „Бернабеу“, а неговиот експлозивен став беше предмет на разговор и на пресот кој го одржа Карло Анчелоти.

Новинарите му го пренесоа ставот на неговиот колега и Италијанецот мораше да одговара за најконтроверрзниот момент на мечот, кој според него и не бил така драматичен какошто се доживува од противничкиот табор.

– Последната важна акција на мечот е доста јасна. Можно е да беше и офсајд, а ние целосно застанавме и прекинавме да играме.

– Судија беше од најдобар ранкинг и ние имаме за што да се жалиме. Тие се жалат за непризнат гол, но и ние се жалиме за голот кој ни беше поништен. Кимих се фрли и немаше фаул од Начо, – порача Анчелоти, алудирајќи на погодокот кој Марчињак го поништи по проверка на ВАР.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни