Поврзете се со нас

Германија

Трагичарот Нојер се обрати со кратка порака по хорор сценариото за Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Мануел Нојер имаше неколку страшни одбрани и го остави Баерн во игра во раната фаза од мечот, но кога беше на добар пат да стане јунак, искусниот чувар на мрежата во дел од секундата се претвори во трагичар.

Нојер направи голема грешка и му ја подари топката на Хоселу за 1:1, а од тука тргна надолниот пат на баварците кои брзо примија уште еден гол и останаа без шанси за пласман во големото финале.

За разлика од останатите членови од екипажот на Баерн кои жестоко протестираа за најспорната судиска одлука, Нојер во прв момент немал сили да се расправа за контроверзии, па испратил само кратка порака по ноќта која сигурно нема да ја памети по добро.

Капитенот на Баерн е свесен дека неговата грешка беше кобна за тимот, а тоа го прави поразот уште потежок за проголтување.

– Секој што играл фудбал, знае како се чувствувам во овој момент. Имавме водство до завршницата, но бевме нокаутирани во зваршрницата и тоа го прави поразот навистина тежок за прифаќање. Бевме на еден чекор од Лондон, се гледавме себеси во финалето, а сега сум тука и останав без зборови, – изјавил Нојер пред германските новинари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни