Поврзете се со нас

Балкан

Просинечки ги наброја четворицата најдобри играчи од поранешна Југославија (Видео)

Објавено

на

Роберт Просинечки неодамна стана црногорски селектор и има нова шанса да соработува со својот легендарен соиграч од најдобрите играчки денови, славниот Дејан Савиќевиќ кој инаку е претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Просинечки има за цел да го пренесе своето искуство на младите фудбалери кои ги тренира во Црна Гора, но говорејќи за официјалниот канал на Федерацијата, Хрватот доби задача да одговара на едно навистина тешко прашање.

Црногорците побараа од Просинечки да го избере најдобриот играч од поранешна Југославија, па иако не можеше да избере само еден, во фокусот се најде тоа што не го спомена Лука Модриќ како еден од најдобрите од овие простори.

– Навитина е тешко да се каже. Ако кажам Дејан Савиќевиќ, ќе кажат дека го велам тоа бидејќи ми е претседател. Имаше многу добри играчи од ова поднебје, секој на свој начин ја одбележа својата генерации. Имаше навистина многу добри, имаше од генерацијата на Хрватска многу добри, а да не зборувам за играчите од Црвена Звезда.

– После тоа и во репрезентацијата на Југославија имаше играчи кои направија неверојатни кариери, играа во најголемите клубови со години, па нависитна е тешко да се каже кој е најдобар. Еден од нив е Дејан Савиќевиќ, па Шукер, Бобан и Папе Сушиќ. Ги кажав овие набрзина, тоа беа играчи кои го одбележаа фудбалот, не само во Хрватска и поранешна Југославија, туку и во светот, – вели Просинечки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни