Поврзете се со нас

Англија

Арсенал му понудил нов договор на еден од најискусните играчи

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета и менаџментот на Арсенал уште отсега планираат дел од активностите поврзани со ростерот за следната сезона, а англиските медиуми тврдат дека еден од најискусните играчи добил понуда за продолжување на соработката.

Жоржињо дојде на „Емирејтс“ во јануари 2023 година од градскиот ривал Челси, а клубот сака да му го продолжи договорот кој му истекува летово, со што ќе бидат прекинати и шпекулациите за негово враќање во Италија.

Играчот за врска сезонава забележа 35 настапи и најчесто добива шанса од клупата, но менаџерот Артета често го истакнува како позитивен пример и карактер на фудбалер кој има ист пристап на теренот без разлика на минутажата.

Продолжувањето на договорот е своевидна награда за италијанскиот репрезентативец и очекувањата се дека тој ќе ги прифати условите за останување барем уште една сезона во лондонскиот премиерлигаш, кој сезонава се бори и за титулата.

Арсенал минатата година плати 12 милиони фунти за ангажманот на Жоржињо, сума која е симболична за премиерлигашкиот трансфер пазар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни