Поврзете се со нас

Германија

Барселона ќе мора да го исплати и вториот бонус за Левандовски

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски пред две години режираше голем трансфер од Баерн Минхен во Барселона, па иако каталонците не се баш најубедени дека Полјакот треба да остане во клубот, до крајот на месец јуни Жоан Лапорта и неговите соработници се обврзани да го исплатат и вториот бонус кој е вметнат во договорот.

Баерн Минхен не можеше да бара многу пари за Левандовски и го ослободи за сума од фиксни 45 милиони евра, но во договорот беше вклучена и клаузула според која германскиот клуб може да добие уште 5 милиони евра во вид на бонуси.

Овој варијабилен трошок е поврзан со бројот на погодоци кои ги постигнува Леви во една натпреварувачка сезона, а со голот постигнат против Рајо Валјекано, активиран е и вториот бонус.

Според договорот, Барселона треба да исплаќа 1,25 милиони евра за секоја сезона во која Левандовски ќе постигна над 25 гола, а до оваа цифра Полјакот стигна изминатиот викенд.

Барса истава сума мораше да ја исплати и на крајот на минатата сезона, па така Баерн Минхен ќе инкасира уште 1,25 милиони евра, но доколку се испочитува договорот меѓу Левандовски и Барса, може да се надева уште на 2,5 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни