Поврзете се со нас

Македонија

Јанчев е убеден: Тиквеш ќе го освои Купот на Македонија

Објавено

на

Првиот човек на општина Кавадарци, Митко Јанчев е убеден дека Тиквеш ќе успее да го освои Купот на Македонија и со тоа автоматски обезбеди излез во Европа.

Воска Спорт е последниот ривал за Тиквеш, тим кој кавадарчани ќе мора да го совладаат на арената „Тодор Проески“ во Скопје ако сакаат да испишат нова страница во клупската историја

-Кавадарци добива ренесанса во делот на спортот. За прв пат во историјата на клубот играме финале во Купот на Македонија. Убедени сме дека ќе триумфираме затоа што имаме многу добар, лојален тим, публика. Поради тоа веруваме во успех кој ќе ни донесе излез во Европа што би било голем успех.

-Клубот кој е во доминантна сопственост на општината, на сите граѓани ќе можеме да го видиме и во Европа. Ги повикувам сите симпатизери од Кавадарци и од републиката да дојдат и ни дадат поддршка на националната арена „Тодор Проески“. Тоше беше наш голем пријател. Се надеваме на добра игра и резултат, -порача градоначалниот Јанчев за „ДЕРБИ“.

31-то финале во Купот на Македонија е закажано за в среда од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни