Поврзете се со нас

Македонија

Захариевски: Тиквеш е хит на сезоната, но дојдовме да се надигруваме во Скопје

Објавено

на

Foto:facebook.com/F.C Voska Sport

Куп финалето во Македонија е закажано за утре во 19:00 часот и сите очи на спортската јавност ќе бидат вперени кон националната арена „Тодор Проески“, каде на теренот силите ќе ги одмерат Тиквеш и Воска Спорт.

Кавадарчани имаат многу поголема традиција и веруваат дека тоа ќе ги води до победа во големото финале, но Срѓан Захариевски како тренер на Воска не планира да излезе на терен со бело знаменце.

– Тиквеш има голема традиција и за жал после толку многу години стигнува до прво финале. За разлика од нив, ние сме млад клуб, постоиме три или четири години и ова ни е прва сезона во Првата лига. Веднаш стигнавме до историско финале и тоа е голем успех за нас.

– Првенството го завршивме на посакувано место, а сега одиме да се надигруваме против Тиквеш. Сакам да кажам дека Тиквеш е хит во пролетниот дел од сезоната, сакам да им честитам за четвртото место кое мислам дека е историско за нив. Тие се вистински хит, во Кавадарци паднаа и големи шампиони на Македонија.

– Играат добро, но и ние сме во добра форма. Шест-седум меча сме без пораз и дојдовме во Скопје да се надигруваме. Сакаме да го освоиме овој историски Куп. Се надеваме дека ќе направиме помалку грешки и дека ќе го однесеме Куп трофејот во Охрид, – изјави тренерот на Воска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни