Поврзете се со нас

Англија

Третиот голман на Гвардиола бил исфрлен од шампионската прослава на Сити

Објавено

на

Foto:instagram.com/scottpcarson33

Скот Карсон се претвори во вистинска легенда на Манчестер Сити, не поради партиите кои ги прикажува на теренот, туку поради неверојатната приказна која е поврзана за него.

Сити не се откажува од Карсон поради фактот што со него се запазува критериумот за достапни домашни фудбалери кој е задолжителен во Англија, па иако одигра само 107 минути во изминатите пет гоини, Скот во неделата стигна до својот 11-ти трофеј.

Легендата за Карсон веќе некое време им е добро позната на навивачите на Манчестер Сити, а по освоената историска титула во домашното првенство, ветеранот го привлекол вниманието и со своето однесување.

Голем дел од ѕвездите на Сити „заглавиле“ до пет часот наутро славејќи ја титулата, но Карсон не можел докрај да остане со соиграчите, бидејќи всушност бил исфрлен од обезбедувањето.

Скот имал обид да се пресмета со обичен посетител кој бил дел од забавата, па обезбедувањето го исфрлило чуварот на мрежата во четири часот наутро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни