Поврзете се со нас

Шпанија

Соиграчите од Реал користат само еден збор за Крос под неговата објава за пензија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос ова попладне официјално соопшти дека ги брои последните месеци во играчката кариера, односно последните денови како член на Реал Мадрид.

Германецот најави дека финалето на „Вембли“ против Борусија Дортмунд ќе биде последен натпревар за него како член на „кралскиот клуб“, а Европското првенство во родната земја последен турнир во неговата кариера.

По десет години минати на „Сантијаго Бернабеу“, Крос почувствува дека е вистинско време да се повлече на највисоко можно ниво, па дефинитивно ќе нема подобро сценарио од едно финале во Лигата на шампиони.

Одлуката на Крос многумина нема да ја разберат поради фактот што Германецот играше во врвна форма, па неговите соиграчи веќе почнаа со пораките и може да се забележи дека се повторува само еден збор под неговата објава за пензионирање.

– Легенда – е зборот кој го употребија Винисиус, Родриго и Брахим, но и поранешните соиграчи Марсело и Варан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни