Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го избра својот фаворит за шампионскиот прстен по болната елиминација од Минесота

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ вчера доживеа елиминација во полуфиналето на Западот и стана јасно дека неговиот Денвер нема да ја одбрани титулата во НБА лигата, односно дека Америка ќе добие нов шампион во наредниот период.

Нагетси сами си пукаа во колено и испуштија голема предност од 20 разлика, па така Минесота со огромен пресврт си закажа конференциско финале со тимот на Далас.

Во завршната фаза од сезоната, стана јасно кои четири тима ќе се борат за титулата, а во делот од одговорени прашања по болната елиминација, Јокиќ накратко одговорил и за кого ќе навива.

Најдобриот играч во НБА лигата без размислување посочил дека ќе навива за Далас, тим во кој игра неговиот близок пријател од Балканот, Лука Дончиќ.

– Титулата посакува да ја земе Лука, тој ми е добар пријател. Толку имам да кажам на оваа тема, – изјавил кратко Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни