Поврзете се со нас

Македонија

Завршница во Купот: Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето

Објавено

на

Денеска се одржа ждрепката за полуфиналињата во ракометниот куп во просториите на Федерацијата, а како што можеше да се очекува, Ф4 фазата ќе донесе возбудливи пресметки.

Главна вест е тоа што вечните ривали се избегнаа во полуфиналната фаза и може да гледаме пресметка меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар само во финалето, но за да се случи тоа, најпрво ќе треба да ја одработат својата задача.

Вардар како бранител на трофејот ќе има далеку потешка задача и ќе треба да ги одмери силите со Алкалоид, додека македонскиот првак ќе се сретне со Тиквеш.

За потсетување, завршниот турнир во македонскиот Куп е на програмата викендот од 17-ти до 19-ти мај, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

Истовремено беше извлечана ждрепката и за полуфиналињата кај дамите, па во завршниот турнир во женска конкуренција ќе се сретнат Чаир – Вардар, односно Куманово – Ѓорче Петров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни