Поврзете се со нас

АТП

Оже-Алијасим: Ова е лудо, никогаш вакво нешто не се случило

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Феликс Оже-Алијасим ќе се бори за пехарот на АТП Мастерсот во Мадрид и тоа против Андреј Рубљов во финалето кое е закажано за утре од 18:30 часот.

Меѓутоа патот на Канаѓанецот до завршниот меч е навистина интересен, необичен затоа што дури тројца противници се предадоа, односно не ги завршија битките и тој така напредуваше од фаза во фаза.

Прво се повлече Меншик, потоа Синер воопшто не излезе на теренот, додека пак вчера Лехечка со солзи во очите мораше да се предаде поради повреда.

-Ова е навистина лудо. Не знам дали вакво нешто му се случило на еден тенисер. Чудна е ситуација да се некако оди во моја корист. Како што се повлекување пред мечот, или предавање на противникот и се ова во последователни натпревари, -истакна Оже-Алијасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни