Поврзете се со нас

АТП

Синер ги разочара италијанските фанови: Навистина ми е тешко што го пишувам ова (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Карлос Алкарас во текот на вчерашниот ден го откажа својот настап на АТП Мастерсот во Рим и тоа е големо разочарување за шпанскиот тенисер, но за италијанските фанови многу полоша беше веста која пристигна денеска.

Своето учество на домашниот турнир ова попладне го откажа и Јаник Синер, најдобриот светски тенисер во 2024-та година кој имаше голема желба да игра пред своите верни тифози.

Синер со големо жалење ја соопшти веста дека нема да настапи на Форо Италико, сето тоа како резултат на повредата која ја заработил во Мадрид.

Јаник му го предаде мечот нa Оже Алијасим без борба и остана без шанса да се бори за титулата во Мадрид, но сега ќе има доста побавна подготовка и за Ролан Гарос поради повредата на колкот.

– Не е лесно да се напише оваа порака, но откако повторно разговарав со лекарите и специјалистите за мојот колк, морам да објавам дека нема да можам да играм во Рим. Многу сум тажен што не се опоравив, Рим е еден од моите омилени турнири. Едвај чекав да се вратам дома и да играм пред италијанската публика.

– И покрај се, ќе дојдам да бидам гледач во Рим и ќе минам неколку дена во Форо Италико. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка, навистина го ценам тоа! Сега ќе работам со мојот тим и со лекарите за да бидам подготвен за Ролан Гарос, – порача Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни