Поврзете се со нас

Македонија

Станиќ: Фудбалерите во целост го исполнија планот, секој меч за нас е како финале

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcrabotnicki

Тимот на Работнички успеа да ги освои трите бода на гостувањето во Штип кај Брегалница, победа по која скопскиот тим може полесно да дише кога е во прашање борбата за опстанок во Првата македонска лига.

„Романтичарите“ во претходната рунда беа подобри и од Вардар, поточни ги победуваат директните ривали и сега имаат 34 поени со што се на осмото место на табелата.

-Задоволен сум од победата над Брегалница и од изданието на тимот. Фудбалерите во целост го исполнија планот што го имавме за овој натпревар и најважно е што на крајот ја реализиравме нашата цел. Тоа што го работиме во овој краток период откако го преземав сениорскиот состав дава резултати, ќе продолжиме да работиме напорно и да ги отстрануваме грешките кои се појавуваат.

-Два натпревари сме без примен гол, успеавме да освоиме седум бода на последните три натпревари и видливо е дека овој тим може да функционира и уште подобро. Ништо не е завршено, секој нареден меч за нас е финале и така и ќе се однесуваме сѐ до крајот на првенството. Веќе сме фокусирани кон следниот противник, Македонија ЃП, -порача тренерот Горан Станиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни