Поврзете се со нас

Свет

Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси повлече нога со неговата преселба во Интер Мајами, чекор кој потоа го направија и неговите добри пријатели, екс соиграчи од Барселона, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Оваа четворка во иднина може да биде надополнета со уште едно големо име, сонародникот на Меси, искусниот Анхел Ди Марија. Ди Марија во моментов настапува за Бенфика и информации беа дека ова може да биде последник клуб во кариерата или пак претпоследен со тоа што завршната дестинација би била Розарио Сентрал, клубот од кој потекнува,

Меѓутоа сега „ЕСПН Аргентина“ пренесува дека се прават напори, односно има одредени разговори офанзивецот да се пресели во САД и да потпише за клубот од Флорида со што Интер Мајами дефинитивно ќе стане дрим-тим.

Меси и Ди Марија никогаш немаат играно заедно во ист клуб, но во националниот тим долго време соработуваат и одлично се познаваат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни