Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг отворено ги именуваше двете ѕвезди кои не му ги донесе Јунајтед: Со еден од нив ќе игравме како Ајакс

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг седна на маса со Гери Невил и одработи опширно интервју со легендата на Манчестер Јунајтед, а за време на долгиот разговор, Холанѓанецот проговори и за двете најголеми трансфер мети кои не му беа обезбедени во двата летни преодни рока.

Тен Хаг за првпат малку подетално говореше за Хари Кејн и за Френки Де Јонг, фудбалери со кои Јунајтед отпочна преговори, но кои на крајот не завршија на „Олд Трафорд“ за да го засилат тимот на холандскиот стручњак.

– Како клуб моравме да носиме храбри одлуки и да се одлучиме за таленти како Расмус Хојлунд. Имаше друг напаѓач кој беше докажан и кој сакавме да го земеме, но потоа се пренасочивме на Расмус бидејќи е голем талент, – изјави Тен Хаг, кој запрашан дали првиот напаѓач е Хари Кејн, одговори со отсечно „ДА“.

– Да, тоа е Хари Кејн. Сите знаете дека со Кејн ќе добиете 30 гола во сезона. Сметам дека Расмус ќе дојде до тоа ниво, но потребно му е време. Не е фер да му се даваат исти цели како Хари Кејн. Никогаш во мојата кариера не сум споредувал двајца играчи, а според мене Хари и Расмус се многу различни, – потенцира Холанѓанецот, кој потоа одговори и на прашање за Де Јонг.

Тен Хаг смета дека со фудбалерот на Барселона ќе можел многу полесно да ја примени фудбалската тактика и филозофија која ја негувал во Ајакс, а во недостиг на играчи со такви квалитети, вели дека е многу тешко да се дојде до неговите првични замисли.

– За да изградите одреден идентитен, потребни ви се играчи со потребни карактеристики. Не може да ја менувате природата на еден играч за да го добиете тоа што сте го замислиле како тренер. За да играте тип на фудбал како Ајакс, потребни ви се играчи како Де Јонг. Ако го добиев, ќе ги имавме Де Јонг и Касемиро во средниот ред. Тие целосно би се надополнувале еден со друг и Де Јонг е типичен фудбалер за негување на стилот кој го имав во Ајакс, – потенцира Ерик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни