Поврзете се со нас

Италија

Милан се откажа од Лопетеги, ќе бира од седум тренери кои ги има на новата листа

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Милан и дефинитивно се откажа од Хулен Лопетеги и попушти под притисокот кој го направија фановите на клубот, кои изречно и категорично побараа од раководните структури да се откажат од преговорите со шпанскиот стручњак.

Фан базата на Милан брзо му пресуди на поранешниот тренер на Реал Мадрид и Лопетеги веќе не е на списокот на потенцијални наследници на Стефано Пиоли, а „Газета“ сег ја обијави најновата листа која ја имаат подготвено директорите предводени од Златан Ибрахимовиќ.

„Росонерите“ имаат подолг список од тренери кои ги задоволуваат нивните стандарди, па новиот тренер на Милан ќе се бира од Пауло Фонсека, Кристоф Галтие, Марсело Галјардо, Доменико Тедеско, Јулијан Нагелсман, Роберто Де Ѕерби и Марк Ван Бомел.

Најтешка и најнерелана опција е Нагелсман кој пред извесно време го продолжи договорот со германската Федерација, но тешка операција би бил и Де Ѕерби за кого ќе треба да се плати поголема отштета.

Во овој момент, Милан највпечатливи контакти има остварено со Фонсека, но конечната одлука не е донесена и планот на клубот е да ги исконтактира и да искомуницира и со останатите кандидати на листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни